Повеќето родители во денешното дигитално време имаат проблем во одредување кога нивните деца треба да добијат мобилен телефон и колку време може и треба да поминат онлајн гледајќи видеа или играјќи видео-игри. Некои општи насоки постојат, но за родителите се особено интересни советите од луѓето од оваа индустрија, особено правилата кои тие ги имаат за своите деца.
Светската здравствена организација советува родителите да им ги вратат игрите на своите деца, да им овозможат квалитетен сон и да им ги изгаснат мобилните уреди и телевизорите.
Бил Гејтс, на пример, на своите деца им дозволил мобилни телефони од 14-годишна возраст иако и тогаш нивните врсници веќе имале мобилни уреди. Неговото правило било дека за време на ручек никој не смее да користи телефон.
Во неодамнешното интервју за Гардијан шефицата на You Tube, Сузан Војцицки, која има пет деца, зборуваше за правилата која таа ги воспоставила во врска со користењето на технологијата.
Нејзините деца не добиле телефон додека не почнале сами да одат надвор и да се возат со автобус . Тоа се случило кога тие биле околу 11 години, со напомена дека телефоните можат да им бидат земени во кое било време. Понекогаш, особено кога оделе на патувања, телефоните им биле одземани за да може да се посветат на дружење и квалитетно поминато време со семејството.
Како и за возрасните и за децата важи правилото да се знае кога телефоните треба да се остават настрана – кога сме во друштво и разговараме со луѓето мора да се концентрираме на тоа, а не да гледаме во екраните.
Според Здружението на американски педијатри, децата денес во просек поминуваат седум часа дневно во корстење на медиуми со забавна содржина, како што се телефони, таблети, телефони и друго. Децата кои поминуваат толку време со екрани имаат двојно поголема можност во иднина да патат од анксиозност и депресија во однос на децата кои дневно поминуваат само еден час пред некој екран.