Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во фокусот на годинашниот Самит Македонија2025

- Advertisement -

Oсмото издание на Самитот Македонија2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство, ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје. Оваа година, се очекуваат над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, дипломати, високи функционери и успешни млади професионалци, од земјата, регионот, но и од целиот свет.

Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии, како и засебни тематски сесии и работилници за развој на вештини. Главниот фокус на Самитот 2019 ќе биде ставен на две теми кои нè засегаат сите нас: иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина/ воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Покрај тоа, ќе се дискутира за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компании и други интересни дебати.

- Advertisement -

Меѓу првите потврдени говорници се: Елизабет Наумовски, експерт за финансиска писменост и водител на телевизиското шоу „Finance is Personal”; Том Битов, претседател на PowerBev Inc. и PUR Brands Ontario; Тери Шулц, истакнат новинар во NPR и Deutsche Welle; Питер Табак, заменик-директор и водечки регионален економист во ЕБРД; Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент; Јонас Коивисто, истражувач од Универзитетот во Хелсинки; Гоце Андревски, професор и почесен член на Универзитетот Квинс, Онтарио и многу други.

Овогодинешниот Самит ќе им понуди на домашните компании и учесниците одлична можност за поврзување со странските компании, со потенцијални инвеститори, како и со наши истакнати членови на дијаспората, преку новововедената онлајн платформата за Б2Б средби. Оваа платформа, како и целокупниот Самит ќе донесе големи придобивки и можност за компаниите во земјава да ги прошират своите бизниси, да го зголемат својот извоз, како и да се поврзат со нови стратешки партнери од целиот свет.

- Advertisement -

Учество на Самитот се препорачува за сите претставници на компании, стартапи, истражувачки центри, невладини организации, академски институции, вработени во јавната администрација, дипломатскиот кор и други државни органи, како и за сите индивидуи кои се заинтересирани за стекнување вредни знаења и остварување нови деловни соработки.

Раната регистрација за учество е во тек! Пријавете се на следниот линк: https://mk2025summit.com/buy-ticket/.

- Advertisement -

За повеќе информации околу Самитот Македонија2025, контактирајте нѐ на office@macedonia2025.com

Сподели!
- Advertisement -