НАСА откри дека Земјата денес е позелена отколку пред 20 години

- Advertisement -

НАСА има добри вести за нас. Од агенцијата тврдат дека денес планетата е позелена отколку што била пред 20 години, а главната заслуга за овој успех ја преземаат Кина и Индија. Овие две држави веќе неколку децении активно ја промовираат идејата за пошумување и стартуваат програми за садење и освестување на луѓето за екологијата и за заштитата на планетата Земја.
Индија неодамна го собори светскиот рекорд во садење дрвја – 800.000 Индијци засадија 50 милиони стебла за само 24 часа. НАСА пред неколку дена објави сателитски снимки од средината на деведесетитте години од минатиот век и од 2019 година и така ја спореди состојбата со зеленилото на планетата тогаш и денес.
На графикот кој прикажува која земја е водечка во садењето дрвја Кина е на првото место, а на втото место е Индија. Потоа следуваат земји од Европа, а потоа Канада, Русија, Австралија, САД, Мексико, Аргентина, Бразил…

Сподели!
- Advertisement -