Илон Маск и Џек Ма се сложуваат дека колапсот на популацијата е најголемата закана за иднината на човештвото

- Advertisement -

Илон Маск и Џек Ма се посебни личности и технолошки лидери чии одлуки го менуваат целиот свет и влијаат на милиони луѓе. Минатата недела тие гостуваа на Светската конферецнија за вештачка интелигенција во Шангај и зборуваа на теми како иднината на човештвото, вештачката интелигенција, освијувањето на вселената и слично, а иако на темите како вештачката интелигенција неикогаш нема да најдат заеднички јазик, за една работа се сложуваат, а тоа е најголемата закана за човештвото.
Најголемата закана за Земјата не е некој залутан атсероид или вештачката интелигенција која во стилот на „Терминатор“ ќе не убие сите, туку падот на глобалната популација кој се очекува во текот на ова столетие. Маск тоа го нарече колапс на популацијата, а си тоа се сложува и Џек Ма. Ма нагласи дека и покрај тоа што има 1,4 милијарди жители, според моменталните прогнози, Кина во наредните 20 години ќе има големи проблеми со недостиг од луѓе.
Еден од големите проблеми за Кина е тоа што поради долгогодишната политика која на семејствата им забрануваше да имаат повеќе од едно дете, моментално нема доволно луѓе кои би се грижеле и би ги издржувале постарите жители. Сега експертите предупредуваат на опасни општествени и економски последици од таквата ситуација.
Ма и Маск долго време разговараа за вештачката интелигенција и нивните ставови се сосема различни. Познат ни е песимизмот на Маск наспрема роботите, додека Џек Ма верува во иднина во која вештачката интелигнеција ќе има битна улога. Ма вели дека бидејќи луѓето се тие кои ги направиле роботите, а не обратно, иако компјутерите се паметни, луѓето и понатаму се далеку попаметни и не ја гледа вештачката интелигенција како закана, туку како нешто што ќе го преземе товарот од луѓето.
Освен за вештачката интелигенција, тие не се сложуваат и по мислењето за освојувањето на вселената. Маск верува дека можеме в некоја подалечна иднина да создадеме нова Земја на некоја друга планета како Марс и да избегаме во случај на нуклеарна војна, удар на атсериод, вирус и слично. Ма, пак е повеќе фокусиран на нашата планета. Тој вели дека иако се потребни хероите како Маск, повеќе ни се потребни херои кои ќе ја подобрат ситуацијата на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -