Брегот на Слоновата коска гради училишта со тули направени од пластичен отпад. Посебна фабрика го зема пластичниот отпад од депонии во градот Абиџан, го топи и го истура во калапи. На тој начин се произведуваат водоотпорни тули кои се и незапалливи.
Овие тули се 40% поевтини, 20% полесни и траат подолго од конвенционалните. Фабриката ќе може да рециклира до 9.600 тони платичен отпад годишно и ќе помогне во менаџирањето со вкупно 100.000 тони пластичен отпад кој го создава градот Абиџан годишно.
Моментално се рециклираат само 5% од тој отпад. Со овие тули во текот на наредните две години ќе бидат изградени 500 училници. Тие ќе помогнат да се образуваат над 25.000 деца и да се создадат нови работни места за жените кои живеат во сиромаштија.
На Брегот на Слоновата коска има потреба од уште 15.000 вакви училници за сите деца да имаат пристап до образование. Во многу делови од оваа држава нема училишта, а таму каде што има училниците се преполни – во некои има и повеќе од 100 ученици.
Ваквите предизвици и можности се дел од агендата на Светскиот економски форум за Африка, кој се одржува од 4 до 6 септември во Кејптаун, Африка.
Côte d'Ivoire is building schools with bricks made from plastic waste
Changing the lives of over 25,000 children.📕 Read more: https://wef.ch/34nN4dL
Posted by World Economic Forum on Среда, 04 септември 2019