Викенд Медиа Фестивал без пластика за еднократна употреба

- Advertisement -

 
На 12-то издание на најголемиот комуникациски фестивал во регионот, кој се одржува од 19 до 22 септември во Ровињ, за прв пат ќе се користат специјално дизајнирани чаши за да се намали употребата и фрлањето на пластика за еднократна употреба. На чашите, заедно со фестивалското лого, ќе биде испечатена и соодветна порака дека со користење на оваа чаша ја чуваме планетата. По употребата, посетителите ќе можат да ја понесат чашата со себе, како дополнителен сувенир од најдобриот Викенд во годината.
Викенд Медиа Фестивал секогаш размислува зелено, што може да се види и во визуелниот идентитет и уредувањето на самиот фестивалски простор. Не сметаме дека екологијата е само тренд, туку начин на живот. Со фестивал без пластика за еднократна употреба, сакаме да ја подигнеме свеста за екологијата и грижата за природата колку што можеме“, истакна Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивал.
Чашите ќе бидат достапни во баровите лоцирани во рамките на фестивалскиот комплекс во Старата фабрика за тутун во Ровињ. Посетителите ќе можат да ги понесат чашите со себе, но и да ги остават на места предвидени за тоа – на посебни пунктови.
Овогодинешниот Викенд Медиа фестивал ќе зборуваат повеќе од 150 говорници и панелисти, а во текот на три дена над 5.000 учесници од сите земји во регионот ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма, која ќе се одржи во пет паралелни сали. Новина е Weekend Masterclass, кој ги носи легендарниот директор на Tag Heuer и HublotJean-Claude Biver кој во четврток, 19 септември во 11 часот во хотелот Гранд Парк во Ровињ, кој ќе ги открие тајните за водење луксузни брендови, со што ќе ја отвори овогодинашната фестивалска програма.
Кои актуелни медиски теми и интересните предавачи и експерти не` очекуваат на овогодинешнио Викенд, можете да пронајдете во деталната програма на официјалната страница на фестивалот.

Сподели!
- Advertisement -