Oбразование на 21 век кое ветува иднина, конечно и во Македонија

- Advertisement -
Модерното и напредно образование, кое ги следи потребите на децата и нивниот развој е круцијално важен сегмент за развојот на децата и за нивните перспективи за иднината.
Воведувањето на технологијата во едукацијата на децата и користењето на истата во правилна насока, е многу важен елемент во едуцирањето на новите генерации на деца, кои живеат во свет со брз технолошки развој.

Од овој септември, во Скопје и Струмица се отвори уникатно училиште за програмирање и роботика за деца од 5 до 19 години Key Code Education. Уникатноста на оваа училиште е во нивниот совршен едукативен концепт врз база на кој се направени Key Code програмите. Key Code едукативниот концепт го прави часот магичен, правејќи неверојатен спој на наука, уметност и технологија. На часовите се учи преку работа на реални проекти, а самите содржини во програмите, по кои се работат проектите се од областа на сите природни науки: физика, хемија, биологија, математика, механика, електроника итн. Истите овие проекти се преточуваат и во дигитални проекти, со што децата учат програмирање, а и проектите се автоматизираат, при што децата учат роботика.

 
Key Code е единствен едукативен концепт во кој децата учат применето програмирање и роботика. Сите наставни единици во Key Code програмите за програмирање и роботика за деца, се поврзани со нивна практична примена во реалниот свет, во индустријата, науката и технологијата.
 
Уникатноста на Key Codе едукативниот концепт се должи на посебниот пристап, методологија, техники на едуцирање и активностите кои ги користат специјално обучените учители.

Децата на часовите се постојано активни и вклучени во сите процеси. Работат во инспиративна средина каде што постојано се генерираат нови идеи, се решаваат проблеми, се експериментира, пробува нови работи, истражува и создава креативни решенија.
 
Специјално обучените учители, преку посебни техники и методи, освен што им го пренесуваат знањето на децата на ефективен и разбирлив начин, имаат за цел да го поттикнат и стимулираат интелектуалниот развој на децата и развојот на животни вештини.
Преку Key Code едукативниот концепт децата покрај тоа што равиваат технички вештини, развиваат и интелектуални вештини и тоа: логичко размислување, резонирање, брзо носење одлуки, решавање на проблеми, креативно размислување и иновативност во создавањето на нови идеи и решенија.

Со Key Code едукацијата, деца се трансформираат од пасивни корисници на телефоните и комјутерите, во активни креатори, кои создаваат најразлични апликативни решенија. На тој начин децата стекнуваа знаење и вештини кои ќе им бидам многу потребни и корисни во иднината, како за интелектуален развој, така и за раст и развој во кариерата и професијата која ќе ја изберат.
Уписите се во тек!
Повеќе информации на: 071 242 476
Сподели!
- Advertisement -