Натпревар ширум Србија во правење ајвар – победникот „оди“ во маркетите

- Advertisement -
Производот според рецептот на победникот на националниот натпревар за правење ајвар наскоро ќе се најде на рафтовите во маркетите, соопштија од Стопанската комора на Србија. 
Натпреварот за правење ајвар почна да се одржува од пред пет години, ширум Србија, под покровителство на Министерството за државна управа и локална самоуправа и со поддршка од Стопанската комора. Мотото на натпреварот е „Излези ми на тегла“. Од Комората сметаат дека натпреварувањето е вистинска можност за афирмација на малите домашни производители и нивно претставување на пазарот.
Тоа е важно бидејќи ние не само што сакаме да станеме големи производители на ајвар, туку и значителен дел од тоа производство успешно да го извеземе. Натпреварот „Излези ми на тегла“ е одлична прилика производителите да сфатат што значи да влезат во сериозен трговски систем, во кој, покрак квалитетно производство, треба да го планираат и пласманот, изјави Вељко Јовановиќ од Здружението за прехранбена индустрија.
Акцијата, организирана како своевиден караван низ српските градови, е туристичко-стопанска манифестација која го промовира ајварот како еден од домашните гастрономски брендови, чија цел е унапредување на квалитетот на производот и зголемување на продажбата.
Победничката екипа од минатата година доби поддршка за да почне сопствено производство.
(www.instore.mk)
Сподели!
- Advertisement -