Експерти предупредуваат на глобална пандемија која ќе убие до 80 милиони луѓе

- Advertisement -

Доколку се случи нова здравствена криза на глобално ниво, односно ако избие нова пандемија, не ни се пишува добро. Тоа е заклучокот на Панелот за следење на глобалната подготвеност. Овој панел се состана во 2018 година на иницијатива на Светската здравствена организација и Светската банка, а учествуваа независни експерти чиј фокус беше утврдување на состојбата на глобалната здравствена спремност во кризни ситуации.
Откако панелот ги зел предвид сите фактори – од политичките трендови до климатските промени, заклучиле дека постои многу реална закана од смртоносна пандемија на респираторни патогени која брзо се шири и би однела од 50 до 80 милиони животи и би ја срушила светската економија за 5%.
Панедмијата од ова ниво би имала катастрофални последици, би предизвикала нереди во целиот свет, како и несигурност и нестабилност. Светот не е подготвен за тоа, сметаат авторите на извештајот. Сепак, панелот смета дека се уште има време да се подобрат нашите шанси и ризикот да се сведе на минимум.
Во таа насока тие посочија на седум специфични активности кои светските челници би требало да ги преземат за подигање на спремноста за справување со нова пандемија. Меѓу нив е целосна имплементација на меѓународната здравствена регулатива, зголемување на инвестициите во истражување на вакцините и нивниот развој и воспоставување на посилни национални системи за спремност.
„Премногу долго време дозволувавме паника и немири кога станува збор за пандемии. Ги зголемуваме напорите кога заканата е посериозна, но потоа брзо забораваме на се кога ќе помине опасноста. Сега е малку доцна за да се делува“ е заклучокот на извештајот.

Сподели!
- Advertisement -