Дубрoвник е прогласен за најфотогенична дестинација на Instagram

- Advertisement -

Популарната страница за патувања Big7 ги објави резултатите од изборот на најфотогеничен европски град на Instagram, а меѓу 50-те номинирани градови, на врвот се најде хрватскиот град Дубровник. При изборот се користени различни елементи како податоци собрани од Instagram, мислења на посетители и читатели, како и експерти за патувања. Исто така, изборот се базирал на неколку критериуми како бројот на места каде што може да се направи добра фотографија, фотогеничноста на локалната храна и пијалаците, бројот на места кои ги создал човекот, а може да се искористат за добра фотографија и природните локации.
„Како што напиша еднаш Џорџ Бернард Шо, тој кој го бара рајот на Земјата треба да дојде во Дубровник. Поради старите улици, поради кафулињата по плажите и местата под заштита на УНЕСКО, не е ни чудо што Дубровник е толку популарна дестинација. Погледот на црвените кровови кои го прекриваат градот со морето во позадина ве остава без зборови“ го опишуваат дубровник на познатата страница за патувања.
Веднаш под Дубровник е Исланд, а следуваат Шкотските висорамнини, Будимпешта и англиски Котсволдс. Чудно е што некои од најпопуларните европски дестинации не се ни искачиле меѓу првите на листата. Така, Барселона се најде на 17. место, Париз на 19., Венеција на 31., а Берлин дури на 39. место. На последногто 50. место се најде Валенсија.
Еве ја целосната листа со топ 10 најфотогенични дестинации во Европа:
1. Дубровник, Хрватска
2. Исланд
3. Шкотски висорамнини, Шкотска
4. Будимпешта, Унгарија
5. Котсволдс, Англија
6. Кери, Ирска
7. Малта
8. Азурен брег, Франција
9. Киев, Украина
10. Виена, Австрија

Сподели!
- Advertisement -