Добротворниот хакатон KindHack по втор пат во Скопје

- Advertisement -

По успешното прво издание на добротворниот хакатон KindHack, поддржан и организиран од Symphony Solutions, ви го најавуваме неговото второ издание, кое ќе се случува на 23 и 24 ноевмри во просториите на Symphony Solutions во Скопје.
Како и минатата година, така и во оваа сите невладини организации и институции од Скопје и пошироко се добредојдени да аплицираат со своите проекти за кои им е потребно ИТ решение. Рокот за аплицирање е до 22 октомври.
Хакатонот е исто така одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации. Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.
Како да аплицирате?

  • Можност за аплицирање има секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.)
  • Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почеток на хакатонот.
  • Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот.
  • Невладината организација треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот линк
  • Рокот за аплицирање е до 22 октомври.

Повикот за сите заинтересирани учесници, како дизајнери, програмери и софтвер тестери ќе биде дополнително објавен.
За тоа како си поминавме минатата година и кои беа победниците на првиот KindHack во Скопје можете да прочитате повеќе овде.

Сподели!
- Advertisement -