7.2 C
Skopje
петок, ноември 15, 2019

За InnoTech Club

Kabtel desktop

InnoTech Club е нова платформа чија основна мисија е зголемување на свесноста во македонското општество за значењето и важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за силен економски раст и развој на земјата!

Економската слика во Република Северна Македонија не е розева. Ниската стапка на економски раст, високата стапка на невработеност и изразено нискиот степен на индустријализација (уделот на индустријата во бруто-домашниот производ од 32% во 1992 година паднал на 15% во 2016 година) се главни фактори за оваа економска ситуација во последните 20 години. За подобрување на ваквата слика, домашните и странските експерти се едногласни во констатацијата дека, реиндустријализацијата и структурните реформи на стопанството се клучни фактори за постигнување посилен економски раст.
Реиндустријализацијата и структурните реформи се силно поврзани со знаење и примена на најновите научни и технолошки достигнувања во производствените погони. Сепак, силно изразената миграција на младите во последниве години доведе до континуиран недостиг на стручна и добро обучена работна сила во земјава, од што најпогодени се индустриските капацитети. Затоа, Советот на странски инвеститори во „Белата книга“ од 2018 година ги нотира миграцијата на работоспособното население и недостигот на инженерски кадар и експерти со вештини од областа на науката, технологијата и иновациите како еден од најголемите предизвици во работењето во земјава.

InnoTech Club ги адресира следните предизвици:

  • Како младите да се заинтересираат за наука и технологија?
  • Како да ги мотивираме да работат на научни проекти применети во пракса?
  • Како знаењето и иновациите да ги направиме IN?
  • Како да ги задржиме експертите со силни технички вештини да градат кариери во Северна Македонија?
  • Како работата во сферата на “advance science, technology and innovation” да биде привлечна и во нашата земја?

Кон остварување на овие цели, InnoTech Club обединува:

  • Средношколци
  • Студенти
  • Студентски и средношколски организации
  • Кариерни центри
  • Универзитети
  • Истражувачи и експерти
  • Истражувачки центри
  • Компании
  • Странски инвеститори
  • Стартап компании
  • Стопански Комори
  • Национални институции

Нашето мото е:
Единствениот пат до одржлив економски развој и високи стапки на еконмски раст води преку наука, технологија и иновации!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •