Пaкомак го награди Митко Јанчев од Кавадарци за нај еко градоначалник

- Advertisement -

Тим 24 чет, 10.10.2019 | 5:52 pm  0 КоментариПридонесот кон екологијата и чистата околина обично се наградува со поздраво и подобро место за живеење, но понекогаш тоа може да донесе и многу повеќе. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, го освои второто место во конкурсот за Нај еко градоначалник за 2018 година, а Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ја наградија неговата општина со ново детско игрaлиште.

Наградата во форма на донација за Општината Кавадарци беше претставена денеска (10.10.2019), а детското игралиште официјално беше отворено во присуство на градоначалникот и претставници од двете компании.

- Advertisement -

На градоначалникот Митко Јанчев наградата му ја доделија Глигор Бишев Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија, и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски.

За освоеното второ место Општина Кавадарци даде голем придонес во 2018 година преку: инвестирање во контејнери за селективно собирање отпад, овозможување за собирање на стакло преку HORECA (хотел/ресторан/кафе) сегментот, разни инвестиции за зазеленување на големи површини и урбана опрема и слично.

- Advertisement -

Преку стимулација предводена од награди и донации, Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ги поттикнуваат општините ширум земјата да направат позитивна промена и подобро да се грижат за околината. Донациите, кои се во корист на сите луѓе од месната заедница, претставуваат само показател дека добрата работа на општината, а чистата околина, еколошката средина и намалувањето на необновливиот отпад се трајната награда која произлегува од вложениот труд.

Сподели!
- Advertisement -