MasterCard, Visa, eBay и други го напуштаат проектот на Цукерберг за виртуелната валута либра

- Advertisement -

Проектот на Facebook за издавање на криптовалутата либра полека се распаѓа, а криптовалутата уште не е ни издадена. Откако минатата недела проектот го напушти PayPal, сега истото го сторија и останатите големи играчи од коaлицијата.

Така, потврдено е дека Mastercard, Visa, eBay, Stripe и Mercado Pago исто така се откажале од учеството во проектот.

- Advertisement -

Заминувањето на некои од најголемите играчи може да го означи крајот на либра. Имено, големите картичарски компании веќе некое време се под притисок од регулаторите да го преиспитаат своето учество во проектот, иако тие кои веќе ја напуштија либра оставија можност повторно да се приклучат.
Никој не знае што ќе се случи со либра, особено затоа што Конгресот го повика Цукерберг на сослушување на 23 октомври за да објасни што е либра и како Facebook ќе се вклучи на финансискиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -