Нови цени на бензините од полноќ

- Advertisement -

Согласно својата неделна практика, Регулаторната комисија за енергетика ги утврди највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт кои за бензините се пониски, но не и за дизелот.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период забележаа намалување кај бензинот во просек за 3,39%, а кај дизелот за само 0,33%. Тоа, заедно со поевтинувањето на доларот за 0,43% придонесе за менување на структурата на цените на нафтените деривати кои после извршеното соодветно прилагодување во просек се пониски за 1,16%.

Oд полноќ, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 бензинот се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1 денар на 66,50 денари. Цената на дизелот не се менува, односно и понатаму изнесува 62 денари за литар.

Сподели!
- Advertisement -