Ова се најиновативните економии во светот

- Advertisement -

Овие земји се најиновативните економии во светот, каде што е најлесно новите идеи да се претворат во нови производи и услуги.

На десетто место е Холандија, каде што многу брзо се усвојуваат новите технологии и новите начини на работа. На деветто место е Франција, каде што има силна претприемничка култура, која уште повеќе ги поттикнува иновациите. Веднаш зад неа е Обединетото Кралство, кое има силни научни и истражувачки институции.

- Advertisement -

На седмо место е Јапонија, земја која има повеќе пријави на патенти по жител отколку која било друга во светот. На шесто место е Јужна Кореја, каде што на истражување и развој се трошат високи 4% од БДП, а по неа е Шведска, каде што работодавците се отворени за соработка и споделување идеи.

На четвртата позиција е Тајван, Кина, која си ја задржа истата позиција од минатата година.

- Advertisement -

Во првата тројка се Швајцарија, која е една од земјите со најмногу сопствени заштитени апликации во светот; САД, чии истражувачки институции се сметаат за најдобри во светот и на врвот е Германија, каде што се негува култура на истражување, соработка и комерцијализација.

These are the world’s most innovative economies

Switzerland has the highest number of trademark applications in the world. 📕 Read more: https://wef.ch/35IZBsQ

Posted by World Economic Forum on Петок, 18 октомври 2019
Сподели!
- Advertisement -