Кинезите ќе го ограничат играњето видеоигри на само 90 минути дневно

- Advertisement -

Кина е најголемиот гејмерски пазар на кој милиони луѓе, вклучувајќи и многу малолетници, секој ден и ноќ поминуваат повеќе часа пред компјутер или телефон играјќи видеоигри. Кинеската влада веќе презеде некои мерки со кои се обидува да ја намали зависноста на младите од видеоигри, како ограничување на времето кое можат да го поминат во играње на играта Honor of Kings. Некои игри ги забранија поради насилството во нив, а сега се одлучија на уште порадикални мерки.

Со цел заштита на менталното и физичкото здравје Кина воведува ограничување на играњето игри за малолетници. Тие ќе можат да играат максимум 90 минути дневно и нема да смеат да играат од 22 часот до 8 наутро.

- Advertisement -

Но, тоа не е се. Кинеската влада сака да ги ограничи и парите кои малолетниците ги трошат во игрите, па така младите на возраст од 8 до 16 години во онлајн игрите ќе можат да потрошат максимум 29 долари месечно, додека тие од 16 до 18 години ќе можат да потрошат макимум 57 долари.

Според новите правила, младите при регистрацијата за оналјн игри ќе треба да користат вистински податоци и идентификациски броеви за да може да се следи колку време играат видеоигри.

- Advertisement -

Во Кина младите премногу играат видеоигри, па како резултат на тоа кај малолетниците се јавува кратковидност, но и се полоши оценки на училиште.

Сподели!
- Advertisement -