После првиот лов на тартуфи и првиот чоколаден намаз од тартуфи, сега следува нова иновација од најскапите печурки во светот. Подземните печурки нема да ви донесат храна на маса и нема да ви ги чуваат децата е реченицата која честопати ја слушале Радмила и Горан Карлиќ, брачен пар од Паладин, Хрватска, кога почнале да се занимаваат со одгледување тартуфи во родното место. Тие во 1994 година ја основале компанијата Karlić tartufi – Gir, во рамките на која денес со децата се занимаваат со купопродажба на тартуфи и преработка и продажба на производите во продавници, ресторани и на странските пазари.
Годинава семејството пласираше на пазарот џин со бели тартуфи, кој е прв таков производ во светот. Идејата ја добил Иван Карлиќ, син на Радмила и Горан, кој како што велат, толку е посветен на тартуфите што ги комбинира со секое јадење. Идејата ја добил поради неговата љубов кон џинот, а го направил во соработка со дестилеријата Aura, со која работат и за производство на други традиционални пијалаци со тартуфи.
„Луѓето сакаат џин, се попопуларен е, па заклучокот беше зошто да не? На џинот работевме неколку месеци, направивме 222 лимитирани шишиња, а цената на едно шише е околу 100 евра. Пред три месеци ги пласиравме на пазарот, а сега имаме останати само 20 шишиња. Луѓето го препознаа производот и добиваме пофалби и нарачки од целиот свет“ објаснува Ивана Карлиќ, ќерка на иновативниот брачен пар.
Со оглед на тоа дека џинот се покажал како добра идеја, веќе почнале да собираат најубави примероци на тартуфи за и идната годиан да произведат лимитирана серија. Тие први во светот го организираа ловот на тартуфи, во кој може да учествуваат и гостите. Тоа било идеја на мајката Радмила.
„Драго ми е што имаме иновативна понуда за нашите гости. Имаме гости од Њујорк кои веќе пет пати се враќаат поради турите, а нивното 15-годишно дете сака да биде „тартуфар““ вели Ивана.
Ако гостите одлучат да учестуваат во авантурите, можат да престојуваат во вилата „Маслина“, која е опркужена со маслинови дрвја, за која семејството Карлиќ ја освои наградата „Туристички цвет“ во категоријата најдобро сместување за активен одмор. Ивана и Иван како деца полека го учеле бизнисот и се запознавале со црните и белите тартуфи. Цената на тартуфите тогаш не била толку висока, па требало да соберат многу ако сакале да заработат. Пред 12 години ја засадиле првата плантажа за тартуфи во Хрватска со 2.700 стебла даб и нешто лешници и секој ден ги полевале стеблата. По шест години чекање, Иван го нашол првиот тартуф, кој бил помал од тениско топче.
Црниот тартуф расте цела година и ако го има во поголема количина, и цената ќе биде пониска. Зимскиот бел тартуф расте во низини од сетември до крајот на декември или почетокот на јануари, а цената му е висока затоа што е деликатес кој расте во два региони во светот – во Хрватска и во Италија. Годишно семејството Карлиќ вади голема количина тартуфи од плантажата. Откупуваат и од над 300 локални собирачи на тартуфи и ги палсираат по рестораните во Хрватска. Извозот е посебно успешен и тие продаваат преку дистрибутери во Германија, Австрија, Велика Британија и во Сингапур.
Фото – Душко Марушиќ/PIXSELL