Венеција е погодена од поплави и поплавеи се речиси 85% од градот, вклучувајќи ги историските базилики и зградите стари со векови. И жителите и туристите се принудени по улиците да се движат по вода до половина. Од градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро, побараа да прогласи винредна состојба во градот.
Речиси една третина од вкупно 1.100 издигнати пешачки патеки сега се покриени со вода. Додека исклучително високите води за време на плимата наречена аква алта се случуваат на секои пет години, оваа година ситуацијата е многу полоша отколку во 1966 година. За сериозноста на ситуацијата климатските промени и политичките скандали поради кои беше одложен проектот за средување на градот време милијарда долари.
„Венеција е на колена. Потребна ни е помош од сите за да ги пребродиме овие денови кои не ставаат на тест“, изјави градоначалникот на Венеција.
Силните дождови, моќните јужни ветришта и полната месечина заедно придонесоа за повисока плима од вообичаено. Традиционално, жителите на Венеција знаат дека кога и да се искачи водата повеќе од 140 см над хидрографската станица Пунта дела Салуте, плимата ќе биде многу висока. Неделава беше измерено дека плимата достигнала висина од речиси 190 см, што е многу блиску до најголемата поплава во Венеција во 1966 година.
Климатските рпромени уште повеќе ја влошуваат ситуацијата со снегот, мразот и глечерите кои се топат. Но, и други фактори имаат улога тука. Венеција тоне поради тоа што под неа се поместуваат тектонските плочи, поточно Јадранската плоча која се наоѓа под Апенините. Понатаму, Венеција веќе долго време испумпува вода под градот затоа што земјата се набива поради градежните зафати кои се одвиваат со векови.