Астрономите открија црна дупка во Млечниот пат толку голема што го доведува во прашање постојниот модел на развој на ѕвездите. Дупката LB-1 е 15.000 светлосни години оддалечена од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето.
Се проценува дека Млечниот пат содржи 100 милиони ѕвездени црни дупки, но LB-1 е двојно поголема од тоа што научниците мислеле дека е можно. Црните дупки со толкава маса не би требало ни да постојат во нашата галаксија според големината на сегашните модели на еволуција на ѕвездите.
Научниците веруваат дека постојат два видови црни дупки. Почести се ѕвездените кои се 20 пати поголеми од Сонцето и се формираат која ќе се сруши јадрото на голема ѕвезда. Супермасивните црни дупки се најмалку милион пати поголеми од Сонцето и нивното потекло е непознато. Научниците веруваат дека типичните ѕвезди испуштаат гасови и со помош на ѕвездените гасови спречуваат појава на црни дупки со големина на LB-1.
LB-1 ја откри меѓунаорден тим од начници со помош на кинескиот телескоп LAMOST. Дополнителни податоци од два најголеми светски оптички телескопи во Шпанија и во САД ја потврдија големината на LB-1.