Black Friday – замките и опасностите на кои треба да обрнете внимание

- Advertisement -

Црниот петок или Black Friday, како што е познат во целиот свет, е ден во годината кога трговците веројатно оставруваат најголем промет во годината. Разните акции и попусти на купувачите им нудат можност да купат што сакаат по поволни цени. Некои ќе ги искористат акциите за купување на подароци за Божиќ, други за купување производи кои долго ги сакаат, но не сакале или не можеле да платат повеќе.

Tие 24 часа, колку што всушност, трае Црниот петок, односно четири дена ако го сметаме и Сајбер понеделник (Cyber Monday), денот кога има посебни понуди во интернет продавниците, за купувачите се оставрување на соништата. Но, треба да се обрне внимание на некои замки и опасности при купувањето. Овие денови ќе има секакви понуди, па како да се препознае дали некоја понуда е легитимна или зад шарените реклами се крие некаква измама?

- Advertisement -

Како корисници на интернет, секојдневно свесно или несвесно сме изложени на разни промотивни понуди, огласи чија цел е да не поттикнат на акција. Со оглед на тоа дека крајот на ноември годинава е резервиран за Black Friday, најголем дел од огласувачите одлучија своите пораки да ги оформат така да го комуницираат понудите за Црн петок. Вистина е дека огласите се интензивираат овој период, но не можеме да речеме дека истовремено се комуницира и несигурноста при купувањето.

Онлајн купувачите не смеат да бидат непромислени. На пример, ако некој трговец нуди попуст до 70%, купувачот треба да биде свесен дека тоа не мора нужно да се однесува на сите артикли. Понудата како таква е легитимна и не можеме да речеме дека станува збор за измама.

- Advertisement -

Најбезбедниот начин за онлајн шопинг вклучува користење на безбедни системи за плаќање, т.н. payment gateway или системи како што е PayPal, кои вклучуваат двостепена автентикација. При таквото плаќање се користи токен, а соодветно на тоа имаат и заштита од сопствените банки. Исто така, купувачите на своја страна имаат и разни закони кои им овозможуваат несаканата и несоодветна роба да ја вратат на трговците.

Ако се одлучите за онлајн шопинг, најдобро е да купувате од земји од ЕУ затоа пто купувачите од сите земји купуваат под исти услови. Ако купувате од САД или од други земји, треба да бидете свесни дека одредени продукти склучуваат царинење, што влијае и на конечната цена.

- Advertisement -

Онлајн шопингот целосно е безбеден ако купувате од доверливи веб-страници со заштитени системи за наплата. Кога ќе дојдете до последниот чекор од наплатата, не ги зачувувајте бројот на картичката и лозинката во пребарувачот за на другите да не им овозможите да ги злоупотребат вашите податоци.

Добра веб продавница е онаа која со својата функционалност и дизајнот може посетителите да ги претвори во купувачи, односно да ги поттикне да купат нешто. Најголемата замка во која инвестираат веб трговците е бавното или речиси никакво прилагодување на купувачите. Со постојаната анализа на однесувањето на посетителите на страниците се стекнува увид во навиките и однесувањето на сопствените клиенти, но и начините на користење на вебот. На деновите како Црн петок или Сајбер понеделник треба да се има на ум бројот на посети и зголемениот промет, па веб страниците треба да имаат и соодветна севрерска инфраструктура чии ресурси се доволни за да им овозможат непрекината, континуирана работа, без забавување или гаснење на системот.

Сподели!
- Advertisement -