SIGNATURE OF THE SUN, нова колекција од брендот Acqua di Parma

- Advertisement -

Италијанскиот  niche бренд  Acqua di Parma ја лансираше новата колекција од 10 мирисни ноти. Пет мириси се реиздание на Ingredients колекцијата –  Oud, Leather, Sándalo, Ambra и Quercia, додека останатите пет се комплетно нови –  Camelia, Osmanthus, Sakura, Vaniglia и Yuzu. Сите 10 се дело на Francois Demachy. Во оваа колекција Acqua di Parma филтрира одбрани состојки низ призмата на својата прва инспирација Colonie, додавајќи сончева светлост на секој нов производ. Тука, наместо група на мириси која ја дефинира целата колекција, секој парфем има една нота што го карактеризира и е својствена само за него.

Osmanthus претставува овошно-цветен мирис кој е комбинација на моќниот и скапоцен Osmanthus со блескави, живописни и цитрусни ноти. Тајниот цвет на Кина цвета само еден ден и благодарение на тоа дава богат и моќен мирис.

- Advertisement -

Vaniglia – цитрусно ориентален  мирис кој се отвора со ноти на ванила компонирани со цитрусна свежина. Доминантната ванила е скапоцен вид кој расте на Мадагаскар, рачно се опрашува и потребни се 18 месеци за да ја даде полната арома.

Sakura – богатството на светот од сакура комбиниран со мирис на бергамот, розов бибер, самбак јасмин и присуство на мандарина и мошус, кои го доловуваат моментот на цветање на јапонските цреши.

- Advertisement -

Camelia  – специфичниот мирис на камелија ги задоволува живописните ноти на цитрус и софистициран мирис инспириран од ориентална ружа од Источна Азија, со присуство на мошус и бензоин.

Yuzu  е најретко овошје во Јапонија, а сега е најновото „frutti d’oro“ на Acqua di Parma. Парфемот ја носи аромата на yuzu заедно со нотите на бергамот, лотус, мимоза, љубичица и јасмин. Дополнителни ноти се сечуански бибер, мошус и сандаловина.

- Advertisement -

Oud – мирисот на Oud во комбинација со цитрусни ноти е нејверојатно доживување. Оваа ретка суровина расте во Југосточна Азија и е многу скапоцена.

Lеather – топли, интензивни и чадести ноти на кожа кои потсетуваат на традицијата на рачна изработка на производи од кожа и асесоари. Елегантен мирис комбиниран со бразилски портокал, сицилијанска лимета, роза и петит греин.

Ambra  – амбергрис е исклучително ретка и скапоцена дрвена есенција која има карактеристичен остар мирис на океан и ветер. Се чувствуваат и нотите на бергамот, роза, пачули и сандалово дрво.

Quercia- свежите ноти на даб евоцираат утринска прошетка по дабовите шуми. Одлично е комбиниран со бергамот, петит греин и гераниум.

Sandalo има богата нота на сандалово дрво кое може да се најде само во Индија, во регионот Мисоре. Сандаловото дрво е комбинирано со бергамот, кардамон и тонка грав.

Сподели!
- Advertisement -