Дубровник се наоѓа на шесто место во светот по уделот на туризмот во економијата на листата со 73 градови кои се најдоа во извештајот на Светскиот совет за туризам и патување. Зад Макао и Даблин, Друбровник на таа листа е третиот град во светот по зависноста од потрошувачката на странските туристи со удел од 95,7%. Дубровник е на трето место и по интензитетот на туристичкиот промет и на врвот на листата е по уделот на работните места во туризмот со 15 . На таа листа на прво место е Лас Вегас ос 50%. Ова е единствена хрватска дестинација која се најде во анализата на WTTC.
73-те градови кои се дел од извештајот претставуваат околу една четвртина од глобалниот БДП во туризмот и генерираат над 17 милиони работни места во секторот, што претставува 5,7% од сите работни места во градовите.
Извештајот покажа дека градовите во споредба со остатокот од туризмот во голема мера се потпираат на странските гости, чија потрошувачка изнесува 45% од туристичката потрошувачка во градовите во споредба со 29% удел во туризмот општо.
Хонгконг забележа најголема меѓународна потрошувачка на посетителите во 2018 година од 44 милијарди доалри, додека Дубаи лани заработи 28 милијарди долари од странските туристи. Приходите од туризмот во градовите лани пораснале за 3,6%, што е повеќе од вкупниот економски раст од 3%. Двата најбрзорастечки градови лани се Истанбул и Анталија со повеќе од 15% раст, па следува Москва со 14% раст благодарение на Светското првенство во фудбал, кое им донесе 20% повеќе приходи од странските гости.
Некои градови се носители за туризмот во цела земја, како што е Будимпешта, чиј туризам носи 81% од туризмот во цела Унгарија. Таков е и Даблин со 61% удел во туризмот на Ирска, Прага со удел од 50%. Дубровник на оваа листа е во т.н. одморалишни градови и е зад Макао, Канкун, Маракеш, Лас Вегас и Орландо на шесто место по уделот на туризмот од 17,8% во вкупната економија.