Холандискиот старт-ап Sales.Rocks, една од брзорастечките софтверски компании во Македонија, денес ја лансира својата b2b платформа на Product Hunt.
Product Hunt е американска платформа, која овозможува промоција на производи и софтверски решенија на глобално ниво. Нивната цел е да се создаде глобална поврзаност на фирмите и нивните решенија и да се олесни маркетинг процесот на старт-ап и скејл-ап компаниите.
Платформата е отворена за секого, но не е наменета за продажба, туку повеќе за презенација на некое ново решение и можност за добивање на фидбек од корисниците. Се користи од илјадници компании и нивните искуства велат дека исклучително го забрзува скејлинг-ап процесот за старт-апи кои сакаат брзо да се пробијат на пазарот со ново решение.
Нашата Sales.Rocks платформа се базира на напредно пребарување компании и контакти за прецизно таргетирање на потрошувачи. Идејата е да се автоматизира процесот на пребарување контакти и да се подобри бизнис-соработката меѓу фирмите.
Како дополнителен канал за маркетинг и презентација се одлучивме денес официјално да ја промовираме Sales.Rocks на Product Hunt со цел да ги собереме информациите што ни се потребни да го подобриме развојот и да ја направиме платформата попримамлива и покорисна за сите идни и сегашни корисници.
Product Hunt ќе ни помогне да се пробиме на глобално ниво и да станеме дел од нивната tech-заедница, која отвора големи можности за понатамошна соработа со партнери и инвеститори.
Во моментов ни е многу важно да се претставиме таму во најдобро светло, па секоја поддршка денес ни е добредојдена.
За оние кои веќе се запознаени со Product Hunt доволно е да го посетат линкот и да ја пружат својата поддршка со Upvote.
Би ни било од корист доколку корисниците разгледаат што имаме да понудиме и да го споделат своето мислење и препорака.