Јаглен направен од растителен отпад ќе помогне да се намали емисијата на СО2 за 730 милиони тони

- Advertisement -

Гајлен направен од растителен отпад ќе помогне да се намали емисијата на јаглерод диоскид за повеќе од 730 милиони тони до 2030 година, покажува најновото кинеско истражување.

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија во Кина велат дека овој биојаглен исто така ќе помогне да се зголемат залихите од храна на Земјата затоа што ќе ги замени биогоривата направени од житарки.

- Advertisement -

Кинескиот тим вели дека ако јагленот кој се користи денес се замени со растителната алтернатива, направена од шумски и земјоделски отпад, милиони тони јаглерод диоксид нема да се испуштат во атмиосферата.

Биојагленот е енергетски ефикасен цврст нуспроизвод на дестилацијата на бионафта. Тимот проценува дека до 2030 година годишно ќе може да се произведуваат околу 400 милиони тони биојаглен, кој директно ќе ги заменува фосилните горива.

- Advertisement -

Биојагленот ќе може да ги забрза напорите за стопирање на климатските промени така што на земјите во развој ќе им овозможи да се префрлат на ова конвенционално гориво за добивање обновлива енергија.

Истражувачите велат дека другите опции за замена на јагленот како што е биогасот трошат вредни залихи на храна, нешто што земјите во развој не можат да си дозволат да го направат.

- Advertisement -

Истражувачите користеле конвенционални хемиски процеси за дестилирање на бионафта направена од пет најчести видови растителен отпад. Тие користеле продукти кои најчесто се наоѓат секаде во светот како лушпи од ориз, пилевина, слама од пченица, отпад од шеќерна трска и слама од соја. Нив ги дестилирале на температура од 240 степени Целзиусови и добиле сјаен, цврст материјал – јаглен.

Биојагленот содржи многу ниско ниво на кадмиум, олово, цинк и манган, а не содржи бакар и никел. Тоа значи дека нема да придонесе за уште поголемо загадување со тешки метали.

Сподели!
- Advertisement -