Виенски експерти развија нов метод за рециклирање на стар текстил

- Advertisement -

Експерти од Виена развија нов метод за редиклирање на стар текстил. Научници од Техничкиот Универизитет во Виена и Универзитетот за природни науки и бионаука во Виена заеднички развија нов метод за рециклирање на текстил кој подразбира хемиско раздвојување на мешаните влакна на памук и полиестер во стари ткаенини.

Секоја година само во Европа годишно се креира околу 5 милиони тони стар текстил. Голем дел од тој отпад се спалува или завршува на депонија. За производство на нови ткаенини, освен памук, потребен е полиестер кој се добива од фосилни суровини. Поради таа причина рециклирањето на текстил е важен фактор за намалување на емисијата на јаглероден диоксид (CO2), а новите ЕУ регулативи за рециклирање на старт текстил почнуваат да се применуваат од 2025 година.

- Advertisement -

Според оваа технологија, во процесот на рециклирање, материјалот најпрво се ситни на мали делчиња па потоа со помош на ензими целулази памукот се хидролизира до глукоза и со тоа се одделува од памукот. После ензимското разградување на памукот се добиваат влакна од полиестер и раствор од шеќер. Исушени и исчистени влакната од полиестер се топат во посебни садови и од нив се создаваат гранули. Овие гранули потоа се претвораат во полиестерски влакна кои понатаму може да се мешаат со нови влакна од памук. На тој начин настануваат мешавини од текстилни материјали кои одговараат на нивниот почетен суровински состав и кои го имаат првобитниот квалитет.

Овој проект ја доби наградата “Clusterland Award 2019”, а истражувачкиот тим работеше на материјал со состав 60% памук и 40% полиестер. Целта на проектот е да се создаде основа за одржливо рециклирање.

Сподели!
- Advertisement -