Климатските промени ги чувствуваме сите. Иако можеби сите не ги забележуваме или одбиваме да веруваме дека се реални, не можеме да ги игнорираме и да не преземеме ништо за барем да ги ограничиме, ако не и целосно да ги стопираме.
Додека на некои места се забележуваат поблаги промени во временските прилики, на други места нашата планета сурово ни враќа за се што сме и направиле исминатите децении и векови. Овие пет места се најлошо погодени од промените на климата.
Австралија мора да ја ставиме на прво место. Овој континент се соочува со најкатастрофалните и натрагичните пожари не само во својата историја, туку и во историјата на светот како што го знаеме. Поради сушата и високите температури и неконтролираните пожари кои ги запалиле поединци, изгоре површина еднаква на Јужна Кореја. Освен што се уништени домови, аинфраструктура, најмногу е уништена природата и животите ги загубија не илјадници, туку милиони животни! Ако ова не е аларм дека човекот не е најмоќното суштетво на планетата и дека мора да се соземеме и да преземеме одговорност, не знаеме што е!
Хималаите се на второ место. Овој планински масив сме го читале и сме му се одушевувале како на највисоката точка во светот, секогаш прекриен со снег. Но, на врвот Монт Еверест сега расте трева! Една третина од мразот на овие планини се истопи во текот на овој век и ги соголе карпите. Тоа ги поремети речните текови и околните екосистеми. Досега се истопени 8 милијарди тони лед, што е доволно вода за да се наполнат 3 милиони олимписки базени. Тоа ќе има последици залуѓето кои зависат од Хималаите како извор на вода.
На трето место е Гренланд. Мразот на Гренланд денес се топи шест пати побрзо отколку во 80-тите години на минатиот век. Тоа ги покачи нивоата на морињата и океаните за 1,3 см. Половина од тоа покачување се случи само во последните 8 години.
Амазон е уште едно место најпогодено од климатските промени. Научниците сметаат дека обесшумувањето веќе ја сменило климата. Тоа заедно со предвиденото покачување на температурите за 2-3 степени до 2050 година може да ја уништи почвата, да му наштети на биодиверзитетот и на човечкото здравје.
На петто место е Венеција, најпознатиот град на вода во светот. Овој италијански град годишно прима милиони и милиони туристи, кои доаѓаат да се одушевуваат на прекрасната архитектура и на каналите. Но, Венеција полека тоне. Покачувањето на нивото на морињата поради се повисоките температури придонесува за се повеќе поплави во Венеција. Пред неколку месеци градот се соочи со најголемата поплава поради најголемата плима која ја видел градот во последните 50 години.