Оксфам: oколу 2.000 милијардери имаат поголемо богатство од 60% од светското население

- Advertisement -

Светот тоне во се поголема нееднаквост кога станува збор за распределбата на богатството. Тоа го потврди и од организацијата Оксфам нагласувајќи дека 2.153 милијардери поседуваат поголемо богатство од 60 отсто од населението на планетава. Организацијата додава и дека ваквата концентрација на богатството особено ги погодува жените.

Овој длабок јаз се заснова на погрешниот и сексистички економски систем, констатираат од Оксфам посочувајќи на податок дека 22-ца најбогати мажи во светот имаат повеќе пари од сите жени во Африка.

- Advertisement -

Според нив, јазот меѓу сиромашните и богатите не може да се надмине без насочени политики за борба против нееднаквоста.

Инаку, годишниот извештај на Оксфам за нееднаквост традиционално е објавен непосредно пред отворањето на Светскиот економски форум во Давос каде еднаш годишно се среќаваат претставници на економската и политичката елита.

- Advertisement -

Авторите предлагаат во наредните 10 години еден процент од најбогатите луѓе во светот да плаќаат само 0.5 проценти повисок данок што ќе создаде 117 милиони работни места во сектори како здравство, образование и грижа за стари лица и деца.

Сподели!
- Advertisement -