Вакцина за грип во форма на таблети е исто ефективна како инјекциите

- Advertisement -

Започна втората фаза од тестирањето на ефикасноста на вакцина за грип која се прима преку таблети наспрема ефикасноста на инјекциите и се покажа дека таблетите се исто толку безбедни и ефикасни колку инјекциите.

Имунитетот на поголеми групи луѓе е од витално значење за спречување на ширењето инфективни болести во една заедница. Колку повеќе луѓе се вкацинираат, толку подобро. Сепак, една од најголемите пречки за научниците во убедувањето што повеќе луѓе да се вакцинираат е недостигот од ефективни орални вакцини.

- Advertisement -

Најголем дел од вакцините се со инјекцирање, а вакцините во форма на таблети се поевтини за производство и полесни за примена. Сепак, досега се покажа вистински предизвик развојот на орални вакцини главно поради суровите услови во нашиот гатроинтестинален тракт.

Компанијата за биотехнологија Vaxart неколку години веќе работи на орална форма на вакцини и нивниот најголем успех досега е втората фаза од тестирањето на оралната вакцина за грип. Во тестирањето биле вклучени 179 здразви возрасни луѓе, кои добиле орална вакцина или плацебо таблета. По 90 дена сите тие биле изложени на вирусот на грипот. Без никакви сериозни контраиндикации, оралната вакцина се покажала дури и малку поефективна од инјекциите.

- Advertisement -

Ќе треба да поминат уште неколку години додека оралната вакцина да се најде на пазарот, а моменталните тестирања вклучуваат само еден тип на вирус на грип. Повеќето годишни вируси на грип се комбинирани од неколку типови, па понатамошните истражувања ќе мора да покажат дали вакцината е ефикасна и кај таквите вируси.

Сподели!
- Advertisement -