Samsung ава почит на оние кои што поседуваат талент за дигитална уметност, нудејќи им простор каде што нивниот талент ќе биде видлив и достапен за сите. Овој конкурс исто така ќе одигра значајна улога во претставувањето на новата ера на конзумирање на уметност, која што оживува на екранот на The Wall телевизорот“, рече Hyesung Ha, потпретседателка на сегментот Visual Display Business во компанијата Samsung Electronics.
Niio е најголемиот каталог на подвижни слики во светот, кој што секојдневно ги инспирира љубителите на визуелната уметност, давајќи им прилика да уживаат во неа на уредите во своите домови. Благодарејќи на напредната технологија, оваа премиум платформа опфаќа повеќе од 4.000 уметници, галерии и партнери од повеќе од над 70 земји во светот, кои што на едно место можат да ја складираат и да ја објавуваат својата уметност, како и да позајмуваат или пак да купуваат туѓа.
„Во светот во кој што сме меѓусебно поврзани, креативните луѓе сè повеќе ги користат дигиталните алатки за да ни ја раскажат нивната приказна. Поради истото навистина ни е многу драго што остваривме соработка со Samsung и што им се пружи прилика на современите уметници да ги изложат своите дела на ваков посебен уред, кој што е самиот по себе уметничко дело“, рече Роб Андерс, генерален директор на платформата Niio.
Сите кои што се заинтересирани за конкурсот можат да ја посетат веб страницата https://www.niio.com/get/the-wall-open-call/, каде што можат да ги постават своите дела, да ги најдат потребните информации за пријава, условите на конкурсот, роковите и наградите.
За повеќе информации за телевизорот The Wall, посетете ја веб страницата https://displaysolutions.samsung.com/led-signage/the-wall.