Живееме во дигитален свет – 40% од времето го поминуваме на интернет

- Advertisement -

Најновиот извештај Digital 2020, објавен во партнерство со компаниите We Are Social и Hootsuite, покажува дека светот се` повеќе се поврзува и дигитализира, пренесува www.marketing365.mk.

Интернетот во моментов го користат повеќе од 4,5 милијарди луѓе ширум светот, a социјални мрежи користат 3,8 милијарди од нив. Речиси 60 проценти од светската популација е на интернет, а наскоро повеќе од половина од светското население ќе користи социјални мрежи. Ова го покажа најновиот извештај Digital 2020, во кој се собрани податоци од различни агенции: GlobalWebIndex, Statista, GSMA Intelligence, App Annie, SimilarWeb, Locowise

- Advertisement -

Покрај статистиката од региони, претставена е и подлабока анализа за 24 најголеми економии во светот: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Нигерија, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур , Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Најважните бројки, претставени во овој извештај, покажуваат дека улогата на дигиталниот свет во нашите животи достигна нови височини, а луѓето поминуваат повеќе време работејќи на интернет повеќе работи од кога било досега. Бројот на луѓе кои користат интернет порасна за 298 милиони за една година.

- Advertisement -

Постојат 3,80 милијарди корисници на социјални мрежи ширум светот, што претставува зголемување за повеќе од 9% во однос на минатата година. На глобално ниво, повеќе од 5,19 милијарди луѓе користат мобилни телефони; бројот на корисници се зголемил за 124 милиони за разлика од претходната година.

Просечниот интернет-корисник поминува 6 часа и 43 минути на интернет дневно. Тоа е три минути помалку од лани, но сепак сеуште е повеќе од 100 дена на интернет годишно. Доколку просечно спиеме осум часа дневно, тоа значи дека интернет користиме повеќе од 40 проценти од нашиот живот кога сме будни.

- Advertisement -

Оваа година, луѓето ќе поминат вкупно 1,25 милијарди години на интернет; а повеќе од една третина од тоа време ќе поминат на социјалните медиуми. Се разбира, количината на време што луѓето го поминуваат на интернет варира од земја до земја. Така, Филипинците сурфаат девет часа и 45 минути на ден, а најмалку Јапонците кои сурфаат во просек од 4 часа и 22 минути.

Околу 3,2 милијарди луѓе сè уште не користат интернет. Повеќе од една милијарда од овие „неповрзани“ се од Јужна Азија; секој четврти човек без интернет пак, живее во Африка. Дигиталниот јаз е и родово прашање. Така, жените во Јужна Азија користат социјални мрежи три пати поретко од мажите. И уште полошо, секоја втора Индијка не знае дека мобилниот интернет воопшто постои.

GlobalWebIndex открива дека користиме мобилни телефони повеќе од половина од времето кое го поминуваме на интернет. Со оглед на тоа што 92% од корисниците на интернет во светот се поврзуваат преку мобилни уреди, оваа бројка може да биде помала отколку што некои очекуваа. Но, тоа значи дека компјутерите сè уште не се даваат. Покрај тоа, три четвртини од корисниците на интернет на возраст меѓу 16 и 64 години продолжуваат да се поврзуваат преку лаптопи и десктоп компјутери.

Податоците од апликацијата Annie покажуваат дека користиме мобилни апликации во 10 од 11 минути кои ги поминуваме на мобилните уреди; прелистувањето на интернет троши само девет проценти од нашето време на мобилните телефоби. Апликации користиме во речиси секој аспект од нашите животи, без разлика дали сме во контакт со семејството и пријателите, се релаксираме на каучот, плаќаме сметки или бараме љубов преку интернет.

Корисниците на паметни телефони минатата година преземале повеќе од 200 милијарди мобилни апликации и на нив потрошиле 120 милијарди долари. Секоја петта апликација е поврзана за игри.

Целосниот извештај можете да го пронајдете на: https://www.slideshare.net

Сподели!
- Advertisement -