- Advertisement -
Оваа куќа во Северна Италија може да ротира за цели 360 степени. Архитектот Роберто Роси ја дизајнирал Осмоаголната куќа која се балансира на една централна оска и може да се ротира во двата правци – и налево и надесно.
На тој начин на сопствениците им овозможува различен видик секој ден и се насочуваат соларните панели поставени на кровот под соодветен агол за максимално искористување на соларната енергија.
- Advertisement -
Инспирацијата за куќата ја добил од Вила Џирасоле, ротирачки италијански дом изграден во 30-тите години на минатиот век во близина на градот Римини.
Куќата на архитектот Роси ја изградила компанијата Protek. Според Роси, куќата ја генерира сета енергија што може да ја потроши.
- Advertisement -
- Advertisement -