1.3 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Фотогалерија: Инспиративните приказни на Inno Cafe предизвикаа голем интерес кај Битолчани

Kabtel desktop

Вчера Битола беше центар на иновативните идеи.

Првото Inno Cafe за оваа година се одржа во “Center Lounge & fresh bar“ на Широк Сокак во Битола, настан кој го промовираше Innotech Club проектот и беше наменет за ученици, студенти, иновативни лидери и менаџери, основачи на стартапи, инвеститори и љубопитни слуштели.

“Inno Cafe, ширум Македонија на непосреден и спонтан начин ја промовира науката, технологијата и иновациите како професија и професионална определба за младите”, рече професор Зоран Марков од Машинскиот факултет, кој е дел од InnoTech Club, проект поддржан од Владата на САД преку Alumni Innovation Engagement Fund.

Жарко Качаков, директорoт на сектор Развој во Витаминка Прилеп, прв ја раскажа својата приказна, како се одлучи да студира технички науки, кои му помогнаа да стекне врвни знаења од машинство, да ги усовршува во земајата и низ светот и да изгради завидна професионална кариера. Спојот на технички вештини и знаења и иновации доаѓа до израз во компанијата за која Качаков работи, е водечката компанија во индустријата за храна во поширокиот регион Витаминка од Прилеп. Тимот на Витаминка работејќи на иновации поврзани со имплементирање на нови технологии, водење на внатрешни инфраструктурни проекти кои имаат футуристички пристап од аспект на енергетска ефикасност и state of art технички солуции со директно е поврзан со брз развој кој ја носи компанијата чекор пред другите.

Жарко Качаков зад себе има неколку научни трудови, а пред публиката кажа дека никогаш не се откажува од зацртаните цели: “Дури и да се наоѓаш на вистинската патека, ќе бидеш прегазен ако само стоиш”, нешто што е клучно за опстанок во денешниот свет воден од технолошките иновации.

Жарко Качаков

Димче Поповски, сопственик на македонската компанијата ДАКА Холдинг, го раскажа својот трнлив претприемачки пат во светот на технологијата за лифтови и микропроцесори. Упорноста и постојаната потрага по нови развојни можности го однела овој претприемач во Германија каде има своја компанија Микродел, која за само две нецели години пласираше две технолошки иновации, кои ги освојуваат светските пазари, а создадени се со тим кој работи во Битола.

Поповски за тимската работа кажа: “Почитувај ги луѓето од својот тим бидејќи тие се голем дел од твојот успех”, а водечка енергија во неговиот професионален развој за кој особено се заинтересираа присутните гости преку бројни прашања, се како упорноста се исплати и зошто не треба да се размислува за неуспех!

„Сакам да ги охрабрам младите кои сакаат да почнуваат бизнис, да не се колебаат, тоа да го започнат тука, дома, а потоа ако се успешни ќе им се отворат вратите на светскиот бизнис. Секако дека постои ризик, но беа ризик нема напредок. Можеби стотина компании низ светот работат на оваа проблематика која е и наш бизнис, но се трудиме да бидеме најдобри и успеваме во тоа“, рече Поповски.

Димче Поповски

Третиот говорник Димитар Бошевски , раководител на “Microsoft“ одделот во “Интерворкс“ најголемата ИТ комапнија во овој регион по број на вработени, а истовремено и Технички архитект со повеќе од 14 години искуство зборуваше за тоа како тој го гледа лидерот на тимот и како верува во тимска работа.

„За мене работењето во тим со професионалци е задоволство и можност за развој. Уживам да го споделувам моето знаење со другите членови на тимот во позитувна атмосфера“, рече Бошевски.

Иновациите на кои работиме сите во Интерворкс, се мотор за нашата комапнија која испорачува услиги и конретни производи на светските бизнис гиганти. Создаваме нови бизнис модели за лидерите на светските пазари во областа на телекомуникациите, енергетскиот сектор, финансиите, здравството, банкарството, образованието, медицинскиот менаџмент и  други индустриски гранки.

Димитар Бошевски

Следниот месец продолжуваат активностите на  Inno Cafe низ нашата држава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •