Хрватски научник пресмета колкави се шансите да умрете од корона вирус

- Advertisement -

Хрватскиот научник д-р Игор Штагљар, специјализиран на полето молекуларна биохемија, одлучи да ја смири хистеријата поврзана со корона вирусот со јасни бројки. Уште самиот поглед на нив сугерира колку се мали шансите да заболите од корона вирусот, а уште побитно, колкави се шансите да умрете од него.

„Светската здравствена организација објави дека има 79.300 заразени од COVID-19. Од нив 77.000 се во Кина, од кои најголем дел во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека одгоренаведените сите 77.000 се во Вухан“ напиша д-р Штагљар, професор на Одделот за биохемија и меидицнска генетика на Универзитетот Торонто.

- Advertisement -

„Ако сте постари од 80 години, а сте заразени со COVID-19 вирусот, шансите да умрете се 14,8%. Тоа имплицира дека 85,2% од луѓето ќе оздрават. Ако имате од 50 до 60 години, имате 1,3% шанси да умрете од вирусот ако сте се заразиле. За помладите од 40 години, пансите се 0,2%. Значи, 99,8% од помладите од 40 години кои ќе се заразат, ќе оздрават. Но, тоа е само ако се инфицирате со вирусот. Шансата да се заразите, базирано на речиси тримесечната епидемија во изворот на зараза, Вухан, е само 0,7%. Значи, има 99,3% шанси дека вирусот никогаш нема да дојде до вас“ порачува Штагљар.

„Значи, ако имате 85 години, имате 0,7% шанси да заболите од вирусот, па ако зе заразите имате 14,8% шанси да умрете од него, односно имате 0,103% шанси да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од корона вирусот е 99,897%. За еден 45-годишник тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028% дека ќе ги убие вирусот, а 99,9972% дека нема да ги убие. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умрете од вирусот е 0,0014%, а дека нема да умре е 99,9986%. Тоа се 0,7 шанси да се заразите од вирусот и 0,2% да умрете од него ако сте помлади од 40 години“ напиша д-р Штагљар.

Сподели!
- Advertisement -