Од денес стартува аплицирање за 9,2 милиони евра од ИПАРД 2 програмата

- Advertisement -

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите од денеска па се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.

Станува збор, како што соопштуваат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“  од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува  9.216.693 евра или  568.147.394 денари. Овој повик, појаснуваат од Агенцијата, им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

- Advertisement -

-Мерката  е наменета за реализирање инвестиции што се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик не се прифатлива инвестиција трактори, изјави Бабовски.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

- Advertisement -

-Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, земјава ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, стои во соопштението од Агеницјата

Сподели!
- Advertisement -