Од утре (1 март) во Германија стапува во сила нов Закон за доселување стручни работници, кој ќе се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, што значи и од Македонија. Процесот на издавање на визи за квалификуваните работници кои се бараат на германскиот пазар на труд во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.
Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа
Со новиот закон под стручњаци ќе се сметаат сите квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование.
Со овој закон се смета дека побрзо ќе се одвива признавањето на дипломите и тоа да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи.
Прописите ќе му овозможат на германскиот работодавач да делува побрзо, а исто така и германската амбасада.
Секој работник од третите земји кои ги има потребните стручни квалификации, може да дојде да работи во Германија. По четиригодишен престој, стручњаците можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.
Што е ново од 1 март?
Доколку постои понуда за работа и ако е извршена соодветната нострификација на квалификациите, во иднина ќе можат да се доселат и стручни работници од сите области на трудот. Се укинува правилото по кое само за одредени, јасно дефинирани, дефицитарни професии постоела можност за доселување. Освен тоа, кај овие барања нема повеќе да се применува правилото на проверка по кое предност при конкретно вработување имаат стручните кадри од Германија или Европската унија.Лицата со призната стручна квалификација можат да поднесат барање за виза со цел барање на работа: Работното место мора да биде во согласност со образованието и квалификацијата.
И за младите луѓе кои сеуште не стекнале стручна квалификација овој закон отвора нови можности: лицата помлади од 25 години во иднина можат да поднесат барање за виза, за да во Германија побараат место за стекнување на стручно образование и таму да го стекнат своите комплетно образование.
Неопходното познавање на германскиот јазик се докажува со предочување на сертификат за положен испит.Нема старосна граница. Меѓутоа, лицата постари од 45 години мораат да достават доказ за минималната плата.Новиот закон не влијае на Правилото за земјите од Западен Балкан.За лицата кои немаат високо или стручно образование и понатаму важат постоечките правила за доселување во Германија. И понатаму ќе останат на сила првилата за проверка на предност при вработување. Во иднина и во Правилото за земјите од Западен Балкан ќе се применува одредбата да лицата постари од 45 години мораат да предочат доказ за минималната плата.