- Advertisement -
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфернција информираше за воведување на дополнителни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот.
Меѓу нив е и одлуката кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости, за да има дистанца меѓу нив.
- Advertisement -
Се препорачува меѓу гостите на локалите да има оддалеченост од 1,5 до 2 метра, посочи министерот.
Тој кажа дека се затвораат и сите места кај што се собираат граѓани, како вежбалници, кина, театри и обложувалници, а се откажуваат и сите кино-проекции, театри и концерти.
- Advertisement -