Македонија ги затвори сите граници!

- Advertisement -

Владата вчера вечер одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

По зголемување на бројот на заразени до Ковид 19 за пет нови случаи, се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, воено, карго и медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Сподели!
- Advertisement -