ЕУ нуди 164 милиони евра за стартапи и мали и срeдни компании за борба против Корона

- Advertisement -

Европската комисија распиша итен повик за стартапи и мали и средни компании од областа на технологијата и иновации кои со своите решенија би можеле да помогнат во борбата против коронавирусот да се пријават за донации од Европската унија.

Комисијата издвоила буџет од 164 милиони евра со цел да им помогне на компаниите да креираат технолошки иновации коишто би можеле да помогнат во лечење, тестирање и други аспекти.

- Advertisement -

Европската комисија за иновации веќе поддржува стартапи и мали и средни компании кои се занимаваат со иновации и може да помогнат во решавање на епидемијата, а на кои се доделени средства во претходните кругови на финансирање.

Сподели!
- Advertisement -