Македонија доби зелено светло за старт на преговори со ЕУ!

- Advertisement -

ЕУ одлучи да почне преговори со Македонија и Албанија. Веста пред малку на социјалната мрежа Твитер ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Македонија. Им честитам на двете земји, напиша Вархеји. Ова, според него е гласна и јасна порака дека иднината на западен Балкан е во Европската унија.

Советот за општи работи на ЕУ го даде долгоочекувано зелено светло за да започнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во Европската унија.

- Advertisement -

„Добра вест во овие мрачни времиња. Честитаме на Тирана + Скопје, заслужено е“, објави германскиот државен секретар за европски прашања Мајкл Рот на Твитер, нарекувајќи ја одлуката двојна победа, за ЕУ и Западен Балкан.

Сподели!
- Advertisement -