- Advertisement -
Земјите кои вовеле изолација за своите граѓани за да го спречат ширењето на епидемијата на коронавирусот, мораат во исто време да се борат со вирусот преку своите институции, порачаа од Светската здравствена организација.
„Да барате од луѓето да останат дома и да го ограничите времето на движење е олеснување за здравствениот систем. Тоа треба, но не е доволно за да се искорени епидемијата“, вели првиот човек на СЗО Тедрос Адан Гебејесус, додавајќи дека земјите треба да ја искористат изолацијата и да го искоренат вирусот.
- Advertisement -
Според него, државите мора да ги тренираат здравствени работници, и да им помогнат на сите сомнителни случаи, но и да го зголемат тестирањето.
- Advertisement -