Сингапур презема радикални мерки – 6 месеци затвор за сите кои не почитуваат социјално дистанцирање

- Advertisement -

Земјите како Сингапур и Тајван од претходните примери на САРС научија битни лекции за опасностите од вируси, како и кои се ефикасни начини за борба. Додека многумина ја негираа опасноста од кинескиот вирус, други беа подготвени на епидемија и реагираа брзо, ефикасно и агресивно. Првите зарази со корона вирусот во Сингапур се забележани во јануари, а поради економската и приватната поврзаност со Кина, на земјата и се закануваше катастрофа.

Но, за среќа, не дојде до катастрофа првенствено поради навремената и брза реакција и стратегија, која вклучува многу тестирања на сите кои имаат симптоми на грип и воспаление на белите дробови, како и следење на контактите со заразени личости. Исто така, луѓето за кои е одреден карантин се дисциплинирани, а на тие кои се самовработени државата им плаќа повеќе од 70 долари на ден.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека и понатаму не е помината опасноста и постои можност за втор бран заразени, особено од луѓето кои се враќаат од други делови од светот, во Сингапур се засилени мерките и казните за тие кои не се придржуваат до нив.

На пример, ако во сингапур седнете или застанете во ред блиску до друга личност на помалку од еден метар, сте направиле казнено дело. Истото важи и ако седнете на стол во ресторан на кој е забрането да се седи. Тие се означени со црвени ленти за меѓу луѓето кои седат таму да има пропишано растојание, а не да седат двајца луѓе блиску еден до друг. Казната која следува за кршење на таа мерка е парична и изнесува до 7.000 долари, но има и затворска казна од максимум 6 месеци.

- Advertisement -

Уште некои мерки кои неодамна стапија на сила се однесуваат на ограничување на групирањето на луѓето на максимум 10 луѓе, како и затворање на баровите и ноќните клубови. Таквите мерки ќе траат најмалку до крајот на април, но ако не се подобри ситуацијата, и подолго од тоа.

Сподели!
- Advertisement -