Владата со уредба која веднаш стапува во сила донесе сет економски мерки за помош на компаниите.
„14.500 денари месечно за април и мај за секој вработен и од секоја фирма загрозена од кризата. Тоа се вкупно 29.000 денари по вработен за два месеци за зачувување на работните места за 250.000 вработени“, истакна Оливер Спасовски.
Ова значи дека ако работникот бил ангажиран за цело работно време ќе добие 14.500 денари, а скратено ќе добие сразмерен износ. Работодавците ќе може да аплицираат преку електронскиот систем на УЈП.
Спасовски вели дека по завршувањето на кризата ќе треба да се продолжи со работа и тоа треба да го разберат работодавците, апелира да не се потпишуваат подметнати договри за спогодбено раскинување.
„Се што е спотивно на закон, се што им се нуди или подметнува во овој момент дека спогодбено ќе ги раскинуваат работните односи, да не го прават тоа, бидејќи фирмите ќе добијат поддршка и работниците ќе останат на работа и тоа е многу важно за сите нас“, посочи Спасовски.
Премиерот апелира да се гледа здравјето, а не профитот кој требало да го остварат компаниите.
„Некој сега ќе рече, ама постојат и големи комапнии во делот на хотелиерството кои пшто навистина тоа не можат да го направат. Тоа не е точно. Тие кои се големи и тие кои имаат големи профити и заработки сега е моментот да дадат еден дел од својот профил и да го покријат тоа што треба да го покријат. Државата е солидарна, државата помага на економијата, треба да помогнат и тие самите“, порача Спасовски.
Како алтернатива на овие мерка, компаниите може да изберат можност за покривање 50 отсто од придонесите на платите на вработените. Тоа е субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во време на вонредна состојба.