Американскиот милијардер Бил Гејтс во авторски текст во „Вашингтон пост“ предупредува дека САД ја пропуштиле можноста да бидат чекор пред новиот корона вирус, но оти се уште не е доцна да се донесат важни одлуки од кои ќе зависи бројот на смртни случаи и заздравувањето на економијата.
Тој се консултирал со бројни експерти дошол до следниве три чекори:
- Доследен национален пристап за решавање на проблемот
- Зголемување на обемот на тестирање и
- Создавање единствена база на податоци заснована врз науката, која ќе работи на развој на вакцина.
И покрај аплите на експертите и властите во некои држави плажите и понатаму се отворени, во други рестораните и понатаму се преполни. Некои можат слободно да патуваат каде и како сакаат како и вирусот, наведува Гејтс, при тоа додавајќи оти се тоа е рецепт за катастрофа.
Гејтс како втор чекор го наведува зголемено тестирање и објавување на резултатите, додека трет чекот е создавање на база на потенцијални волонтери за клинички испитувања.
– За да се стави крај на болеста, потребна е сигурна и ефиканска вакцина. Ако работиме се како што треба би можеле да ја имаме за најмалку 18 мессеци, посочува коосновачот на Мајкрософт.
– Како што видовме оваа година, пред нас е долг пат. Но, и понатаму верувам дека ако сега донесеме исправни одлуки, засновани на науката, податоците и искуството на медицинските екеперти, можеме да спасиме животи и да ја вратиме земјата таму каде што беше, истакнува Гејтс.