Во март 2020 година светот стана непрепознатлив

- Advertisement -

Во март годинава светот се смени целосно и стана непрепознатлив. На 1 март во светот имаше 89.00 заболени од корона вирус во светот и повеќе од 3.000 починати, од кои најголем дел беа во Кина. Многу кинески градови се уште се во карантин.

На 8 март Италија стана втората семја во светот која е најтешко погодена од корона вирусот, па набрзо целата земја беше ставена во карантин после 8.000 заболени и над 460 починати од вирусот. По интернет почнаа дасе појавуваат видеа од луѓе затворени во своите домови кои од балконите им аплаудираат на здравствените работници.

- Advertisement -

На 11 март Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на корона вирусот за пандемија. На 16 март баровите, рестораните, театрите и кината беа затворени и во светските метрополи како Њујорк и Лос Анџелес, додека вирусот забрзано се ширеше во САД.

На 18 март Австралија прогласи кризна состојба на човечка биобезбедност, а истиот ден Кина изјави дека по прв пат после неколку месеци немаат нови случаи на заболени од корона вирус.

- Advertisement -

На 19 март Италија имаше повеќе жртви од корона вирусот отколку која било друга земја во светот – 3.405, но се уште е далеку од врвот на итната здравствена состојба.

На 23 март Обединетотот Кралство се стави во карантин, а на 24 март истото го направи и Индија. Индиската влада им наредни на 1,3 милијарди жители да седат дома и воведе строги мерки за социјални дистанцирање.

- Advertisement -

На 26 март во светот имаше половина милион заразени од корона вирусот, од к.ои половина се во Европа, а најголем дел во Шпанија и во Италија. На 27 март САД одобрија пакет вреден 2 трилиони долари за помош на најзасегнатите од кризата, нудејќи им помош на производители, авиокомпании, бизниси и поединци. џ

На 31 март во светот имаше над 800.000 заразени со корона вирусот и речиси 40.000 починати. Сега изгледа дека САД ќе биде наредниот епицентар на пандемијата, додека во Кина градовите полека се враќаат во нормала.

Фото- Wikimedia Commons

In March 2020, the world changed beyond all recognition

The world has been turned upside down.🔎 Learn more about how countries are fighting coronavirus: https://bit.ly/2TW9yxS

Posted by World Economic Forum on Вторник, 31 март 2020
Сподели!
- Advertisement -