Бројот на заразени со корона вирусот на глобално ниво надмина 1 милион луше, бројот на починати е над 50.000, а последиците по глобалната економија се несогледливи. Изгледа дека единственото решение се вакцините на кои напорно работат научниците, но и покрај најголемите напори, н=во најоптимистичкото сценарио вакцините ќе бидат готови дури после година и половина. Што не ќека дотогаш и дали цела 2020 година че ја поминеме во борба со вирусот, во карантин или самоизолација тешко е да се каже сега, но јасно е дека целиот свет нетрпеливо чека крај на оваа неизвесност.
Кога ќе бидат готови вакцините, ќе мора да се произведат во огромни количини, а за капацитетите да бидат спремни навреме ќе се погрижи Бил Гејтс, Неговата фондација има големо искуство и стручност во ворбата против заразни болести и веќе финансирале слични проекти, а сега сака тоа знаење да го искористи за да ги забрза работите.
Имено, тој нагласи дека можат да се мобилизираат за борба против корона вирусот многу побрзо од владите. Неговата организација сака да ги изгради производните капацитети потребни за топ седум компании и научници кои во моментот развиваат потенцијални вакцини за корона вирусот. Иако на крајот ќе изберат максимално две компании, ќе ги финансираат фабриките за сите седум компании за да не се губи на време додека да се одобрат вакцините.
Велат дека ќе потрошат неколку милијарди долари за производство на фабрики кои нема да бидат избрани затоа што како што вели Гејтс, неколку милијарди долари не е ништо во споредба со денешната економска ситуација кога се губат трилиони долари.
Со раната подготовка на производствените погодини ќе се заштедат месеци, а денес секој месец е битен, изјави Гејтс. Тој со сопругата Мелинда досега имаат донирано 100 милиони долари во борбата против корона вирусот.