- Advertisement -
Користењето на апликацијата за видео повици, Скајп, е зголемено за 70% од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Компанијата Микрософт соопшти дека во последниот месец, откако трае пандемијата на корнавирусот, дневно оваа апликација ја користат 40 милиони луѓе низ светот. Во однос на времето пред прoгласувањето на пандемијата, бројот на минути користени во видео-разговорите преку оваа апликација е зголемен за 220%.
- Advertisement -
Вредноста на акциите на компаниите кои се занимаваат со видео комуникација, како и неклку компании во секторот за видео игри се зголеми последниве денови, поради проценките дека милиони луѓе ширум светoт ќе поминат месеци во домашна изолација.
*Фото – pxfuel.com
- Advertisement -