Во време на корона вирусот, кога сите нормални активности во светот се стопирани, истото важи и за одењето на доктор, на заболекар, во пошта, во банка. Најголем дел од земјите се во карантин и излегувањето на луѓето е дозволено само за купување намирници и некои други неодложни обврски.
Во таква ситуација, многу од здравствените потреби, освен ако се итни, се одложени. Но, за во иднина, доколку светот повторно се најде во слична криза, научници создадоа уникатно решение за луѓето сами дома да го проверуваат здравјето на забите.
Овој уред на Dental Monitoring ни овозможува да направиме целосна слика од забите и да му ја испратиме на заболекарот, кој понатаму ќе утврди дали е потребно да се прави итна интервенција или проблемот може да почека.
Уредот има дел кој се поставува во устата, а на надворешниот дел се поставува телефонот и се прави целосна слика од забите.