Корона вирусот предизвика драстичен пад на продажбата на автомобили кој не го очекуваа ни најголемите песимисти

- Advertisement -

Регистрацијата на нови автомобили во Франција падна за 72% во март годинава затоа што салоните за автомобили на средината на месецот по налог на владата ги затворија своите врати поради борбата со ширењето на корона вирусот.

Аналитичарите предвидуваат дека продажбата во Европа ќе падне и до 20% во 2020 година, во зависност од тоа колку долго ќе траат блокадите и дали владите ќе донесат мерки за поттикнување на продажбата.

- Advertisement -

Катастрофални бројки има и во Италија, Франција и во Шпанија, а дури и најголемите песимисти не очекуваа ваков пад. Но, ова е само почеток на лошите вести кои ќе стигнуваат идните месеци.

Така, регистрациите на нови автомобили во Италија паднале за 86% во март, затоа што продажната активност е прекината во текот на месецот поради ограничувањата за сузбивање на епидемијата на корона вирусот. Продажбата во март била 28.057 автомобили соопшти здружението UNRAE (Unione Nazionale Rappresentanti Autoveicoli Esteri), која пресметките ги направила врз податоци од италијанското Министерство за сообраќај. Регистрациите во јануари паднале за 5,9%, а во февруари 8,8%, кога вирусот прв пат беше откриен во Италија.

- Advertisement -

Во други земји со ограничувања поради пандемијата веројатно ќе се случи сличен пад. На пример, продажбата во Кина во февруари паднала за 80%. Третата најпогодена земја во ЕУ27 е Шпанија, каде што само во март има пад на продажбата за 69%.

Сподели!
- Advertisement -