Австрија повторно отвора илјадници продавници

- Advertisement -

Илјадници продавници во Австрија повторно почнаа со работа вчера и земјата е една од првите во Европа кои ги олабавуваат сторгите мерки за стопирање на ширењето на корона вирусот. Но, австриската влада и понатаму на населението му потенцира дека не се спасиле целосно од оваа пандемија.

Австрија рано презеде мерки како затворање на училиштата, баровите, театрите, рестораните, не толку битните продавници и други места каде што може да се групираат луѓето. Тие мерки почнаа пред околу четири недели, а населението мораше да остане дома и да работи од дома ако е возможно.

- Advertisement -

Досега земјата има вкупно 368 починати, што е помалку отколку што некои други европски земји имаат во само еден ден. Дневно се појавуваат по само неколку нови случаи на заболени и се стабилизираше ситуацијата со хоспитализирањето.

„Економски, сакаме да излеземе од кризата што е можно побрзо и да се бориме за секое работно место во Австрија”, изјави канцеларот Себастијан Курц, кој е на чело на партијата на Зелените.

- Advertisement -

Минатата недела тој претстави детален план за повторно отворање на делови од економијата, почнувајќи со продавниците кои имаат површина до 400 квадратни метри, што е двапати повеќе отколку едно тениско игралиште, како и на некои центри за реновирање на домот и градинарство. После нив ќе следуваат шопинг центрите, поголемите продавници и фризерниците почнувајќи од 1 мај. Рестораните и хотелите прогресивно ќе се отвораат од средината на мај.

Останува нејасно дали со ограничувањето на бројот на луѓе кои ќе влегуваат одеднаш во продавница и обврската сите купувачи да носат маски Курц испраќа порака до населението да бидат внимателни.

- Advertisement -

Светската организација во петокот објави предупредување дека олабавувањето на рестрикциите во земјите може да резултира со огромен број смртни случаи, но не ја посочи конкретно Австрија.

И други западноевропски земји ги олабавуваат карантините, но на поинаков начин. Пред некој ден Шпанија дозволи некои активности како градежништво и производствениот сектор да продолжат, додека Данска ги отвора градинките и училиштата за децата од прво до петто одделение почнувајќи од денес.

Сподели!
- Advertisement -